понеделник, 15. април 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Том Тибоду избран за тренер на годината во НБА лигата

Том Тибоду избран за тренер на годината во НБА лигата

Стратегот на екипата на Њујорк, Том Тибоду, е избран за тренер на годината во НБА лигата, откако првпат од 2013 година ги однесе „Никси“ во плејофот каде испаднаа во првиот круг од разигрувањето за титулата од Атланта.

За 63-годишниот Тибоду ова е второ признание тренер на годината во најсилната кошаркарска лига во светот, по наградата што ја освои во 2011 година како предводник на Чикаго.

Тибоду во гласањето на новинарите доби 351 бодови, пред тренерот на Феникс, Монти Вилијамс (340) и Квин Снајдер од екипата на Јута (161). (МИА)