Кошаркарот на Торнто Репторс Демар Дерозан постигна 52 поена ноќеска на дуелот со Милвоки Бакс што претставува негов рекорд на кариерата.
Дерозан 21 од вкупно 52 поени (17/29 од натпреварот, 5/9 за три, 13/13 слободни фрлања) постигна во првата четвртина. Тој додаде уште пет скокови и осум асистенции и беше најдобар играч во „Еир Канада Центар“.
Торонто го доби натпреварот по продолжение со резултат 131:127.
Во поразениот тим се истакна Ерик Бледос со 29 поени.