петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Александар Ѓорѓевиќ не е веќе тренер на Виртус Болоња

Александар Ѓорѓевиќ не е веќе тренер на Виртус Болоња

Александар Ѓорѓевиќ и официјално повеќе не е тренер на Виртус Болоња. Само неколку дена откако го предводеше овој тим до шампионската титула која е прва по 20 години, поранешниот селектор на Србија си замина од клупата на новиот италијански првак.

– Благодарност со Саша Ѓорѓевиќ за сите победи кои ни ги донесе. Со освојувањето на 16 шампионска титула засекогаш ќе остане запишан во историјата на нашиот клуб. Секогаш беше посветен на работата и тоа ни донесе резултат. Виртус ви посакува се најдобро во иднина – изјави директорот на Виртус Болоња, Лука Баралди.

Според италијанските медиуми, нов тренер на Виртус треба да биде помошниот тренер во Торонто репторс, Серџо Скариоло.