вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Во синоќешната полициска контрола во Скопје 23 прекршоци на мотоциклисти

Во синоќешната полициска контрола во Скопје 23 прекршоци на мотоциклисти

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје синоќа повторно извршило контрола во главниот град при што се утврдени 23 прекршоци.

Како што соопшти МВР, сообраќајните контроли биле  спроведени меѓу 19 и 1 часот, а меѓу прекршоците биле управување мотоцикл со брзина поголема од дозволената и поминување на црвено светло.

Едно лице кое управувало мотоцикл без возачка дозвола е приведено во Полициска станица Кисела Вода, осомничено за сторен царински прекршок.

МВР информира дека контролите на подрачјето на Скопје се со цел спречување на организирањето и учеството во диви трки на мотоциклисти на улиците „Џон Кенеди“, „Лазо Трповски“, „Втора Македонска бригада“, „Христијан Тодоровски Карпош”, „Цветан Димов”, „Митрополит Теодосиј Гологанов” и булеварите „Јане Сандански”, ‘„Партизански одреди” и „Србија”.

Во акцијата претходната ноќ (8/9 мај) беа регистрирани 15 прекршоци. Секторот за внатрешни работи Скопје соопшти дека ќе ги  продолжи сообраќајните контроли.