среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Филип Рикер на почетокот од следниот месец доаѓа во Македонија

Филип Рикер на почетокот од следниот месец доаѓа во Македонија

Вршителот на должност, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер од 1-ви до 3-ти јули доаѓа во посета на Охрид, а претходно ќе престојува во Милано и Тирана, соопштија синоќа од американскиот Стејт департмент.

-Амбасадорот Рикер во Охрид ќе пристигне на 1-ви јули, за да присуствува на конференцијата „Пат до Преспа“ (Road to Prespa), и да ја истакне поддршката на САД за продолжителен дијалог и соработка кон стабилност и прогрес во регионот, се вели во соопштението.

Се додава дека во Охрид гостинот од САД ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, и други високи официјални лица, „за да разговараат за нашите заеднички приоритети за Западен Балкан“.

Рикер во Тирана ќе се сретне со премиерот Еди Рама и други официјали претставници „за да разговара за американско-албанските односи и други области од заедничи интерес“.

Рикер ќе го придружува државниот секретар Ентони Блинкон, кој од 22 до 29 јуни оди во посета на Берлин, Париз, Рим, Ватикан, Бари и Матера.

Најнови вести