Македонскиот кошаркаарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ стави крај на една фантастична етапа со Хувентуд и си заминува од Бадалона по цели пет сезони, а во новата натпреварувачка сезона ќе биде дел од еден од најсилните тимови во шпанската лига.
Валенсија со огромно задоволство го претстави Димитријевиќ како прво големо засилување за следната сезона,
– Жртвата, болката, омразата, сомнежот, љубовта и поддршката од моето семејство и моите најблиски е она што ме доведе тука, онаму кадешто сакам да бидам. Пресреќен сум што се приклучувам на Валенсија. Супер возбуден сум за новата сезона, не можам да дочекам да започне истата, – гласи првата порака која ја испрати Нено.