сабота, 23. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

ФРЧАТ КАЗНИ ОД МВР: 348 возачи санкционирани

ФРЧАТ КАЗНИ ОД МВР: 348 возачи санкционирани

Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 348 возачи.

Од нив, 82 возила се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 17 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 75.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.