четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Горецка е спасителот на Германија

Горецка е спасителот на Германија

Малку фалеше Унгарија да направи сензација и да ја исфрли Германија од Европското првенство, двапати водеа, но не победија, мечот заврши 2-2, со ист резултат заврши и дербито меѓу Франција и Португалија.

Унгарија поведе со гол на Салаи уште во 11. минута. Овој резултат беше актуелен се до 66. минута кога Каи Хаверц изедначи на 1-1.
Но радоста на Германија траеше една минута, во следниот напад Унгарија со гол на Шафер го врати водството, поведе со 2-1.Спасител на Германците беше Горецка кој даде гол за конечни 2-2.
Ист беше резултатот и на дербито меѓу Франција и Португалија, три од погодоците беа од пенал.
Во 31. минута Лорис го фаулираше Данило, судијата покажа на белата точка, а Роналдо погоди од пенал за водство од 1-0. Во судиското продолжение следуваше скандалозна одлука, престрого досуден пенал за Франција врз Мбапе кој немаше проблем да го реализира Бензема за 1-1.
По две минути игра во вториот дел Бензема постигна уште еден гол за комплетен пресврт и водство на Франција од 2-1. Во 60. минута поради игра со рака беше досуден нов пенал за Португалија, Роналдо погоди за конечни 2-2.
Франција го освои првото место во групата со пет бода, Германија е втора со четири, толку има и Португалија на третото место но со послаб меѓусебен дуел од Германците, Унгарија е последна со два бода.