петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Италија запленети 650 килограми марихуана и уапсени Албанци кои ја одгледувале во пластеници

Во Италија запленети 650 килограми марихуана и уапсени Албанци кои ја одгледувале во пластеници

Големо количество марихуана е запленета во Италија одгледувана од Албанци, зголемуваќи ја загриженоста на италијанските власти дека оваа појава станува попрофитна за шверцерите со дрога, пренесува Ора њуз.

Се додава дека полицијата на Галарат, во провинцијата Варезе, во Ломбардија, запленила 650 килограми марихуана и уапсила петмина албански државјани за „индустриско одгледување и трговија со дрога“.

Акцијата е спроведена во општината Бускате каде се откриени два пластеника со 1.176 стебла мархуана високи по 1,5 метар, современ систем за наводнување и осветлување. Исто така откриени се и над 50 килограми сува мархуана, наведува истиот извор.

-Тоа е рекордна заплена на марихуана. Тоа е трговија на големо во количина индустриско производство на марихуана и индикација дека трговците со наркотични средства имаат поголем профит во производството и одгледувањето канабис во Италија отколку надвор од нашите граници, изјавила Елена Пасони, началник на оперативниот тим на полицијата во Варезе.

Петтмината уапсени се на возраст од 20 до 30 години. Тројца од нив илегално престојувале во Италија. Тие ќе одговараат и за нелегално поседување оружје бидејќи во пластениците бил пронајден и пиштол Смит и Весон (Smith & Wesson).