вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Цеца ужива на Кипар, сите се прашуваат каде е Богдан: Откри кој очекува да и дојде во посета, но не е тој – веќе никој не знае на кого да верува

Цеца ужива на Кипар, сите се прашуваат каде е Богдан: Откри кој очекува да и дојде во посета, но не е тој – веќе никој не знае на кого да верува

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ овие денови ужива на заслужениот одмор во вилата на Кипар.

На одморот пејачката е заедно со својата сестра Лидија, по што медиумите го нарекоа „женски“ одмор иако се шпекулираше дека таа е замината со момчето.

Имено Цеца традиционално како и секоја година најде време да замине во својата вила на Кипар која како што откри ја отплаќа на кредит, а вели и дека таму ќе остане до почетокот на јули по што ќе се врати поради музичките ангажмани.

-Уживам и одлично се одмарам. Ги полнам батериите за настапите кои ме очекуваат, вели Цеца за српските медиуми.

Таа додава дека најмногу и недостасува Жељко, но и дека наскоро ќе дојде и тој.

-Ми недостасува Жељко, но се радувам што наскоро ќе дојдат, ги очекувам овие денови да ми се придружат. Ви праќам бакнежи и поздрави од Кипар, изјавила пејачката.

Најнови вести