среда, 3. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА ја пофали работата на судиите на ЕУРО 2020

УЕФА ја пофали работата на судиите на ЕУРО 2020

Европската фудбалска унија (УЕФА) ги пофали судиите на Европското првенство и сите арбитри добија високи оценки после комплетирањето на групната фаза на континенталниот шампионат.

Според првиот човек на судиската организација Роберт Росети, големо е задоволството од арбитражата, поради помалиот број на прекршици што судиите ги судат, за три минути ја зголемила активната игра на мечевите, каде пред пет години на Еуро 2016 тоа активно време било 56,30 минути, сега границата е подигната на 59,51 минута.

Помалиот број на прекршоци и малиот број на жолти картони ја забрзуваат играта и го зголемуваат времето на активен фудбал. Веќе немаме проблем со офсајд, ама мора да се пофали и доброто однесување на фудбалерите досега“, вели Росети.

Првпат на Европско првенство се користи и ВАР, а од УЕФА се исклучително задоволни, зашто нема ниту една грешка досега. Просекот на прекршоци по меч е 22,4.