четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ЕУРО 2020: Французите во проблеми, се повредија уште двајца фудбалери

ЕУРО 2020: Французите во проблеми, се повредија уште двајца фудбалери

На денешниот тренинг на француската репрезентација дојде до повреда на уште двајца фудбалери во таборот на Дидие Дешамп.

Двајцата нови играчи кои нема да му бидат на располагање на Дешамп се Тома Лемар и Маркус Турам кои се здобиле со полесни повреди, но сепак ќе го пропуштат натпреварот од осминафиналето со Швајцарија.

Потешка е состојбата на играчот на Атлетико Мадрид, кој го напушти тренингот по судирот со голманот Мајк Мањан.

Кога станува збор за Турам, тој веќе од претходно имаше проблем со мускулот, а на овој тренинг само ја обновил повредата.

Овие двајца играчи му се приклучуваат на Усман Дембеле кој мораше да ја напушти репрезентацијата поради повредата и да се врати дома, а повреди имаат и Лука Ернандез и Лука Дињ, додека неизвесен за мечот со Швајцарија е и Адриен Рабио, па Дешамп ќе има многу поголеми проблеми околу тоа како да најде алтернатива за левата бековска позиција.