среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Приведен криминалец од Битола: При претрес на граничен премин му биле пронајдени повеќе од 56 илјади евра без доказ за потекло

Приведен криминалец од Битола: При претрес на граничен премин му биле пронајдени повеќе од 56 илјади евра без доказ за потекло

На 25.06.2021 на Граничен премин Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Д. од Битола затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп листата поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

При преглед во неговото возило „бмв“ со бугарски национални ознаки биле пронајдени 56.200 евра без доказ за потекло.

Возилото и парите биле предадени на Царинската управа, а лицето било приведено. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.