Поранешниот фудбалер на Интер и Холандија, Весли Снајдер го даде своето мислење за Европското првенство. Според Снајдер, најголем фаворит за трофејот на Европското првенство е Италија.
„За мене, Италија е најголем фаворит за титулата на Европското првенство. Играат неверојатен фудбал и јасно се гледа прогресот на Манчини“, кратко прокоментира Снајдер.
Со добрата игра во групите, Италија се искачи на скалилото на букмејкерите и сега е втор фаворит за трофејот по Франција.
Без примен гол на единаесет последователни натпревари, но и без пораз на 31 момците на Манчини имаат силни амбиции на турнирот.