сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Денеска и утре пад на температурата само за два степени, од вторник повторно се врќа многу топлото време

Денеска и утре пад на температурата само за два степени, од вторник повторно се врќа многу топлото време

Во Скопје денес времето ќе биде малку посвежо од вчерашниот пеколен ден и силен врел ветер. Утринската температура до 17 степени, дневната до 36 степени.

Малку посвежо време ќе преовладува денеска и утре во Македонија. Синоптичарите најавуваат пониски температури за некоj степен.

Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 39 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Веќе од вторник повторно ќе биде многу топло со пораст на дневните температури до 40 степен. Најтопло ќе биде во четврток кога, според најавите, максималната температура ќе се движи од 33 до 41 степен. Од средина на неделата ќе има услови за краткотрајна попладневна изолирана нестабилност.

Најнови вести