На 27.06.2021 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Китка-с.Црвена Вода, скопско, во близина на извор Црвена Вода, четирицикл „сузуки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Ч.(46) од Скопје излетал надвор од коловозот.
-Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот А.В.(21) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.