Индискиот, односно делта сојот на коронавирусот пристигна во Србија, соопшти Министерството за здравство.
Според министерството, станува збор за лица кои неодамна се вратиле од странство.
Сe работи за двајца помлади пациенти. Во моментот се во стабилна општа состојба и не се вакцинирани.
Секвенционирањето било извршено во Специјалистичкиот ветеринарен институт во Кралeво.