Обвинителката Русковска во завршница на судењето за 27 април го промени обвинението за Јанакиески и Ристовски. Вели, тоа го сторила бидејќи не поседувала докази за дејствијата кои предходно им ги припишуваше. Според одбраната, тоа било пораз за обвинителството бидејќи не успеало да докаже тероризам и загрозување на уставниот поредок.
Русковска вели, измените се направени оти обвинителството не обезбеди докази дека Јанакиески и Ристовски ги организирале општинските и месни комитети на партијата.
„Бидејќи немаме таков материјален доказ за тоа, за тоа и се направија измените. Значи само во однос на организирање на протестите“, изјави Вилма Русковска, Јавен обвинител.
Судењето за 27-ми ќе продолжи идната недела со завршни зборови на обвинетите и нивните адвокати.
Прилогот на Сител погледнете го во продолжение: