Фокусирани сме на вакцинацијата, таа се одвива на сите пунктови во Македонија, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека поделени се сите вакцини согласно потребата.
-Во вторник следната недела ќе заврши вакцинацијата на сите пријавени за имунизација освен во Скопје, Тетово и Битола, во овие три града сите пријавени ќе добијат термин во петок следната недела.
Вкупната бројка на вакцинирани граѓани на крајот на 500.000 граѓани што, како што рече министерот не е доволно.
Филипче уште еднаш апелираше граѓаните да се пријават за вакцинација.