четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Запознајте го новиот бек на Вардар – Јоел Куни Моралес

Запознајте го новиот бек на Вардар – Јоел Куни Моралес

Десниот бек Јоел Куни Моралес (34), во Вардар доаѓа од тимот на Данкерк, Франција. Тој е кубански интернационалец.

Како дел на Данкерк последната сезона играше на 28 меча даде 29 гола. Претходно две години беше член на Иври. Во сезоната 2018/19 на 13 меча даде 60 гола, додека во сезоната 2019/20 на 17 натпревари постигна 59 погодоци. Моралес по заминувањето од Куба беше долги години во Португалија.Започна во Порто, настапуваше за Аванка во сезоната, 2012/13, потоа го носеше две сезони дресот на Мадеира, пред повторно да се пресели во Порто, каде остана вкупно девет години. Од Порто замина во Франција, пренесува 24Ракомет.