Од денеска почнува вакциницијата на вработените во основните и средните училишта во државата.
– Овој процес на имунизација на наставниот и ненаставен кадар вработен во образованието, како дел од критичната инфраструктура го спроведуваме за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2021/2022 година, соопшти Министерството за здравство.
Оваа недела ќе започне закажувањето термини за вакцинација и на вработените во високообразовните институции.
Министерот за здравство Венко Филипче во петокот изјави дека поделени се сите вакцини согласно потребата.
-Во вторник следната недела ќе заврши вакцинацијата на сите пријавени за имунизација освен во Скопје, Тетово и Битола, во овие три града сите пријавени ќе добијат термин во петок следната недела, рече Филипче.
Вкупната бројка на вакцинирани граѓани на крајот ќе биде 500.000 што, како што рече министерот не е доволно. Апелира граѓаните да се пријават за вакцинација.