Пред 75 години на модна ревија во Париз е претставен костим за капење кој многумина остави без текст.
По многу скандали и промени, се славеше како чекор во еманципацијата на жената, но исто така беше и многу критикуван бидејќи во него жените изгледале како посакувани „предмети“.
Тие кои го носеле влегле во легендидте како икони на културата во 20 век.
Историски бикинито е старо над 1.700 години, покажуваат мозаиците откриени во Сицилија на кои девојки вежбаат во дводелни костими за капење.
Но, како парче облека почнал да се носи во 1950-тите години.
Бикинито стана симбол на женскиот израз, вели американскиот поранешен модел Кели Килорен Бенсимон.
Таа смета дека костимот за капење на луѓето им дава самодоверба, прослави многу спортистки и обични луѓе. Според неа, токму скандалите кои го следеле бикинито се причина зошто тоа долго преживеало.
“Too bare or not too bare?”
The bikini is 75 today! pic.twitter.com/yffeveSLaW— BBC Archive (@BBCArchive) July 5, 2021