четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со „пиаџо“ удрил во ѕид, па паднал на коловоз- тешко повреден сопатникот

Со „пиаџо“ удрил во ѕид, па паднал на коловоз- тешко повреден сопатникот
илустрација

Вчера во 21,30 часот било пријавено дека во Крива Паланка на ул.“8-ми Октомври“ мотоцикл „пиаџо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.И.(34) од с.Станци-Крива Паланка удрил во ѕид, а потоа паднал на коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.Д.(49) од Крива Паланка, констатирани во ЈЗУ Здравствен дом Крива Паланка.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка.