петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Кјелини: Чувствувам нешто магично во воздухот

Кјелини: Чувствувам нешто магично во воздухот

Фудбалерот на италијанската репрезентација Џорџо Кјелини без грешка го одигра последниот дуел на Европското првенство против Англија.

„Мислам дека заслуживме да победиме. Чувствувавме нешто магично во воздухот. Зборуваме за тоа од почетокот на мај во „Коверчано“. Го заслуживме овој успех, цела Италија го заслужи трофејот. Беше неверојатно, благодарам на сите што се дел од овој тим повеќе од три години, а победата во финалето им ја посветуваме на сите оние играчи кои го гледаа натпреварот од дома“, рече Кјелини.

Италија по вторпат стана европски шампион, откако претходно ја победија Југославија во финалето во 1968 година.