петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Бајиќ одбра седум млади кошаркари кои ќе им се приклучат на сениорите

Бајиќ одбра седум млади кошаркари кои ќе им се приклучат на сениорите

Седум млади кошаркари ќе им се придружат на сениорските репрезентативци на денешниот прв тренинг на македонската репрезентација.

Селекторот Драган Бајиќ одлучи со сениорите подготовките да ги продолжат: Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ, Лејсон Зекири, Валмир Какруки, Андреј Настовски, Оливер Двојаковски и Теодор Симиќ.

Првиот тренинг на А-репрезентацијата е закажан за денес (10 часот) во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.