четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Повредени две малолетнички: Со „кавасаки“ без таблици удриле во запрежно возило

Повредени две малолетнички: Со „кавасаки“ без таблици удриле во запрежно возило
илустрација

Вчера во 21.20 часот било пријавено дека на локалниот пат кај с.Дрвош, струмичко, се случила сообраќајна незгода во која малолетничка од с.Дрвош, управувајќи мотоцикл „кавасаки“, без регистарски ознаки, удрила во запрежно возило, управувано од В.И.(74) од с.Дрвош.

Во незгодата малолетна сопатничка од мотоциклот се здобила со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Струмица.