вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

ФОТО: Во сообраќајката со полициското возило на „Рузвелтова“ настрада и дрво, од Паркови и зеленило го исекоа

ФОТО: Во сообраќајката со полициското возило на „Рузвелтова“ настрада и дрво, од Паркови и зеленило го исекоа

Во сообраќајната несреќа која викендов се случи на улицата „Рузвелтова“, во која се преврте полициско возило, а повредени беа тројца полициски службеници, настрада и едно дрво.

Вчера од Град Скопје преку социјалните медиуми информираа дека дрвото по сообраќајката претставува опасност за граѓаните и истото ќе биде исечено.

-Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска вршат сечење на едно дрво на улицата „Франклин Рузвелт“, кое поради сообраќајна несреќа беше навалено и претставуваше опасност по безбедноста на граѓаните, информираат од Град Скопје.