четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Леброн се изјасни, познато е каде и кога сака да ја заврши кариерата

Леброн се изјасни, познато е каде и кога сака да ја заврши кариерата

Легендарниот Леброн Џејмс има 36 години, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња во НБА историјата има желба да ја заврши кариерата на натпревар со својот син или против него.

Џејмс веќе подолго време размислува за пензија, но не додека не одигра меч со или против својот син Брони, за тоа ќе мора да почека уште три години додека неговиот наследник не дојде до драфт во НБА.

„Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во ЛА Лејкерс, не е важно кога, дали за четири, пет или шест години … Мојата желба е да одиграм еден натпревар со мојот син, сеедно дали во различни дресови“ – истакна Леброн.

Инаку синот на Леброн, Брони важи за еден од најталентираните играчи во Америка, има 15 години и од сега е во фокусот на вниманието на скаутите.