Третата доза на вакцина против коронавирус најверојатно ќе биде воведена во Србија, а препораките до граѓаните ќе бидат објавени до 1 август.
Според „Политика“, Националното тело за имунизација постигнало принципиелен договор за давање друга доза на вакцина на вакцинирани граѓани, имено на оние чиј имунитет е загрозен поради други болести, пред се лица со автоимуни заболувања, оние кои се на терапија со која се потиснува имунолошкиот одговор и пациенти со трансплантација на органи.
Дополнителна доза на вакцина ќе се препорача за постари од 80 години кои имаат болест, како и за нешто помлади граѓани кои имаат кардиоваскуларни заболувања и немаат антитела.