четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Бура емоции и солзи кои никој не може да ги запре, татко го пронајде киднапираниот син по 24 години

ВИДЕО: Бура емоции и солзи кои никој не може да ги запре, татко го пронајде киднапираниот син по 24 години

Кинезот Гуо Гангтанг по повеќе од две децении повторно се сретна со својот син, откако со мотоцикл поминал повеќе од 500.000 километри.

Имено, неговиот син е киднапиран пред 24 години пред семејниот дом во провинцијата Шандонг, од страна на лица кои криумчареле деца. Во тоа време во Кина ова претставувало голем број бидејќи на овој начин годишно исчезнувале илјадници деца.

Министерството за јавна безбедност изјавило дека полицијата успеала да влезе во трага на детето по ДНК анализа, а осомничените за киднапирањето се пронајдени и уапсени.

Таткото трагал по синот од 1997 година, постојано лепел плакати со неговата фотографија и вели дека ги потрошил сите пари. На крај просел и спиел под мостови. Брајаќи го синот поминал над 20 провинции во Кина, а станал и истакнат член на кинеската организација за потрага по исчезнати деца и досега помогнал во решавањето на седум случаи.

Како помина нивната повторна средба, погледнете во видеото во продолжение.