понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

Таа е најдобра тенисерка, а жртва на сексистички коментари: „Серена има 90 килограми, ни треба згодна како Штефи“

Таа е најдобра тенисерка, а жртва на сексистички коментари: „Серена има 90 килограми, ни треба згодна како Штефи“

Женскиот тенис повторно го тресе сексистички скандал на релација романски легенди – Серена Вилијамс, по изјавата на Јон Чирјак и Илие Настасе. Настасе, кој минатата година во повеќе наврати ја навреди Серена Вилијамс на расна основа, го поддржа неговиот сонародник и сопственик на мастерс турнирот во Мадрид. Тој имаше многу непријатен коментар за најтрофејната тенисерка во светот.

-Она што го направи Серена во тенисот е за почит. Но, таа има 36 години и 90 килограми! Би сакал да видам нешто друго во женскиот тенис, на пример тенисерки како што беше тоа Штефи Граф, изјави Чирјак.

На негова страна веднаш застана и Настасе.

-Тенисерките во тие години се преосетливи, особено во периодот кога треба да се повлечат. Што требаше да каже Чирјак – дека изгледа добро? Ако сте слаби, тогаш сте слаби – ако сте дебели, тогаш сте дебели. Најверојатно ја спореди Серена со другите тенисерки на турнирите.

Но, не остана должна ниту најдобрата тенисерка на сите времиња и веднаш одговори.

-Секогаш кажував дека луѓе имаат право на свое мислење. Очигледно е дека женскиот тенис е поголем од мене, многу поголем, но ќе разговарам со нив, верувајте ми. Тоа беше коментар на неупатен човек, сексистички коментар, Можеби тој е неупатен човек, изјави Американката.