вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Уапсен кумановец баран со потерница

Уапсен кумановец баран со потерница

На 15.07.2021 во 22.00 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, бил лишен од слобода Р.О.(32) од Куманово.

-Лицето е приведено затоа што по извршена контрола било констатирано дека се барал по потерница од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение потраги за издржување казна затвор од две години и шест месеци, за сторено кривично дело по чл.236 став 1 од Кривичниот законик, информира МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.