вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Најубавата австралиска спортистка се откажа од Токио поради – ментални проблеми!

Најубавата австралиска спортистка се откажа од Токио поради – ментални проблеми!

Една од најубавите австралиски спортистки, Лиз Кембиџ, го откажа настапот на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, откако јавно откри дека има – ментални проблеми.

Станува збор за една од најдобрите кошаркарки во светот и најголема ѕвезда на Австралија, која е главен фаворит за златото заедно со селекцијата на САД.

„Тие што ме познаваат, знаат дека најголема желба ми е да дојдам до олимпиското злато. Но, во моментов не сум на својот максимум физички, но пред се ментално. Не е тајна дека во минатото имав проблеми со менталното здравје, поради што се загрижив од ‘балонот’ во Токио, каде што ќе ја немам поддршката и помошта од своите пријатели и роднини. Минатиот месец имав напади на паника, не спиев и не јадев, поради што не сакав да бидам под лекарства за време на Игрите. Затоа најдобро за мене и за репрезентацијата е да не патувам за Токио“, напиша Кембиџ.

Дека нешто не е во ред со Австралијката можеше да се види на пресметката помеѓу најдобрите во ВНБА и американската селекција, на која воопшто не влезе во игра иако беше на клупата. Таа е втора спортистка од Австралија што се откажува од Игрите, по тенисерот Ник Кирјос.