вторник, 26. март 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Гореше угостителски објект во Скопје- две лица подметнале пожар

Гореше угостителски објект во Скопје- две лица подметнале пожар

Денеска во 10.30 часот во СВР Скопје А.Р. пријавил дека на ул.„Казанџиска“ во 03.20 часот, во неговиот угостителски објект настанал пожар, откако две лица фрлиле запалива течност.

Огнот за кратко време сам се изгаснал и нема повредени лица ниту поголема штета.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.