понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Астана деветти круг од преговорите за Сирија под покровителство на Русија, Иран и Турција

Во Астана деветти круг од преговорите за Сирија под покровителство на Русија, Иран и Турција

Во главниот град на Казахстан, Астана, денеска и утре се одржува деветтиот круг од преговорите за Сирија под покровителство на Русија, Иран и Турција.

Во преговорите учествуваат делегација на сириската Влада предводена од постојаниот претставник во ОН, Башар Џафари и претставници на вооружената опозиција. Како набљудувач ќе учествува и специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Стафан де Мистура и делегација од Јордан. Нема да има претставници на САД.

Тема на разговорите во Астана е ситуацијата во четирите зони за деескалација во Сирија – во Источна Гута, во реонот северно од Хомс, во Идлиб и во Јужна Сирија. Се разгледуваат и перспективите за политичко решавање на сириската криза, во пресрет на обновените меѓусириски преговори во Женева.

Преговарачите денеска имаат експертски консултации, а за утре е закажано пленарно заседание.

(Миа)