понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Нападната вработена во Брза помош, драма во Гостивар

Нападната вработена во Брза помош, драма во Гостивар
илустрација

На 20.07.2021 околу 01:00 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.Б.(42) од гостиварско Мало Турчане.

Тој дваесетина минути пред тоа, според пријавеното, физички ја нападнал Ј.Ј.(60), вработена во Службата за брза помош, а оштетил и дел од инвентарот во просториите.

Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.