петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Јанис испрати моќна порака по НБА финалето: Мојата мајка продаваше на улица пред осум години…..

Јанис испрати моќна порака по НБА финалето: Мојата мајка продаваше на улица пред осум години…..

Јанис Адетокумбо заврши со двата најважни трофеи во раце по крајот на шестиот натпревар меѓу Милвоки и Феникс, слика која се надева дека ќе послужи како инспирација за многу деца кои веруваат дека нивните соништа еден ден ќе стана реалност.

Јанис стана НБА шампион во својата осма сезона во најсилната кошаркарска лига во светот, но покрај шампионскиот трофеј, сосема заслужено му припадна и Бил Расел наградата за најкорисен играч во НБА финалето.

Популарниот „Грик Фрик“ испорача 50 поени во последната пресметка против Феникс и со конечни 4:2 во финалната серија му ја донесе титулата на Милвоки, а на прес-конференцијата по натпреварот, испрати моќна порака со оглед на неговиот тежок животен пат.

– Цело ова патување е неверојатно за мене, да бидам во оваа позиција е нешто посебно кога знам колку моите родители се жртвуваа за мене и моите браќа. Секој ден гледав како се жртвуваат, сведочев на тоа. Ова е за мојата мајка, за мојот татко и за моите браќа.

– Се надевам дека со оваа слика можам да дадам добар пример во светот, дека работите можат да се остварат. Мојата мајка продаваше работи на улица пред осум години, не знаевме каде ќе го добиеме следниот оброк, а сега седам тука на врвот. Дури и да не седам веќе никогаш тука, немам ништо против тоа, но се надевам дека ова е добар пример за сите луѓе од светот, – порача Јанис.

– Ова е вистинскиот пат и кога е тимот во прашање. Го градевме ова со години. Можев лесно да одам во супер-тим, да си го завршам мојот дел од задачата и да освојам трофеј. Ова е потешкиот и подобриот начин да се стигне до титулата, а ние го направивме тоа, навистина го направивме тоа, – заврши Адетокумбо.