СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.Д.(42) с.Стар Караорман, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Пријавениот, со намера да заземе во владение туѓа недвижност, во два наврати извршил обработка на околу 20 декари земјоделско обработливо државно земјиште во Таринци.