недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Узурпирал државно земјиште и бесправно си градел

Узурпирал државно земјиште и бесправно си градел

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.Х.(33) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“.

Во атар на општина Центар Жупа, на место викано „Манастирец“, на парцела во државна сопственост, пријавениот узурпирал земјиште со вкупна површина 235,62 м², на која изградил објект од тврда градба без одобрение за градба, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 466.527 денари на штета на Буџетот на Република Македонија.