На социјалните мрежи се појави видео, на кое може да се види како момче задева девојка. Подоцна, истото момче добива ќотек од друго момче.
„Прво се силеше на девојче, после 5 минути си го доби и почна да плаче за помош“, стои во описот на видеото.
Настанот се случил во Куманово, зад Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Се огласија и од МВР:
„Во врска со случајот на насилство во Куманово кој денеска се споделува на социјалните мрежи, СВР Куманово презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. За настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката. Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“.
Видеото можете да го погледнете ТУКА!