Новата сезона во италијанскиот клупски фудбал стартува на 21 август, а дотогаш сите фудбалери, кои ќе настапуваат во Серија А и Серија Б треба задолжително да бидат вакцинирани против коронавирус, соопшти Фудбалската федерација на Италија.
Вакцинација на своите фудбалери пред стартот на новата сезона почнаа Рома, Сампдорија и Фиорентина, додека останатите клубови чекаат одлука на Федерацијата.
Коронавирус во моментов најголеми проблеми и создава на екипата на Специја, во која заразени се десет фудбалери. Прволигашот минатата недела ги прекина подготовките и дозволени се само индивидуални тренинзи.