Перуанската полиција соопштила дека ја уапсила криминалната група која на пациенти позитивни на коронавирус во државната болница им наплатувала кревет 21.000 долари.
Уапсени се девет лица меѓу кои и администрацијата на болницата „Гиљермо Алемнара Иригојен“ во Лима.
Измамата е откриена откако брат на еден пациент поднел жалба до полицијата поради наплата на кревет и интензивна нега во висина од 20.783 долари.
Скандали за корупција за време на пандемијата се случувале и претходно кога некои највисоки функционери добивале „ВИП“ вакцинација.