Во болница во Тетово починал 62-годишен пациент кој бил заразен со ковид-19, иако претходно имал примено две дози од вакцината на „Синофарм“.
Раководителот на ковид-центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини, во изјава за телевизијата „Телма“ вели дека станува збор за човек кој имал три потешки хронични болести и дека најверојатно затоа не создал имунитет против ковид-19.
– Се работи на пациент на 62 годишна возраст, кој имал хронична бубрежна инсуфициенција, висок крвен притисок и кардиомиопатија. Бил вакциниран на 6 јули со „Синофарм“ и бил примен кај нас со тешка клиничка слика и поради и други коморбидитети пациентот почина. По вакцинирањето секако може да се случи инфекција и при имуниот одговор на вакцинацијата можеби имунолошката одбрана не била комплетна или пак, кај пациентот заради овие хронични болести не можел да се креира имун систем против ковид-19. Но, тоа не треба да биде демотивирачко за населението, се уште важи тоа дека е најдобро да се вакцинираат – вели Нуредини.