сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Гевгелија ќе биде домаќин на УЕФА футсал лигата на шампиони

Гевгелија ќе биде домаќин на УЕФА футсал лигата на шампиони

Гевгелија ќе биде организатор и домаќин на натпреварите од „А“групата во прелиминарната рунда од УЕФА футсал лигата на шампиони во која македонскиот претставник, КМФ Проект од Јосифово ќе ги пречека своите противници кои ќе пристигнат од Израел, Малта и Велс.

Средбите од „А“ групата во Гевгелија ќе се одиграат од 21 до 24 август, кога во интервал од три дена ќе се одиграат вкупно шест натпревари или по два секој ден.

Љубителите на спортот и футсалот од гевгелиско-валандовскиот регион ќе можат да бидат дел од несекојдневниот настан на еминентното натпреварување на УЕФА за кои важат и се применуваат строги здравствени протоколи поради здравствената криза предизвикана од Ковид-19.

Според се уште важечките протоколи, трибините во спортската сала во Гевгелија може да бидат пополнети само со 30 отсто од капацитетот што значи дека на натпреварите ќе присуствуваат по 500 гледачи.