недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 40 повредени во силниот земјотрес во Перу

Најмалку 40 повредени во силниот земјотрес во Перу

Властите во Перу соопштија дека најмалку 40 лица се повредени во силниот земјотрес кој вчера ја погоди земјата.

Според податоците, повредени се 35 лица, а три лица меѓу кои и една трудница се потешко повредени при рушење на објекти, додека 10 други имаат скршеници.

Епицентарот на потресот со јачина од 6,1 степен бил на длабочина од 36 километри.

Агенцијата за цивилна одбрана истакна дека оштетени се 187 куќи, од кои во шест не може да се живее.