Петре Шилегов старо новиот пулен на Зоран Заев за Скопје цела недела молчи фатен во лага за езерото Треска кај Скопје! Петре Шилегов како и неговиот газда Зоран Заев мислат дека лагите може да ги повторуваат и да минат неказнето. Збор нема Шилегов за оправдувања на лагите искажани во кампањата од 2017 година за езерцето Треска и Спортско рекреативниот центар Треска, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Посочи дека Шилегов ветуваше враќање на СРЦ, враќање на сјајот на Треска на скопјани, ветуваше низа на содржини во неговата околина. Обвинуваше потсетувам дека полесно било да се гради наместо да се одржува.
-Еве сега се гради, земјиште е продадено и даночено само по цена од 71 денар, а продадено по почетна цена од само едно евро. Почитувани, над 85 300 метри квадратни се ставени на продажба за цена од само едно евро, а Шилегов тоа не го спречил. Платениот данок од продажбата би требало да го наполни буџетот на Град Скопје воден од Шилегов, исто така и на општинат Сарај. Петре Шилегов имал и основа зошто би се побинул за време на ваквата продажба дури и поголема од неговата најава за враќање на сјајот на езерцето Треска што се докажа дека е лага. Почитувани, согласно Одлука на Град Скопје за ценовник за утврдување на пазарна вредност на земјиште упатства за работа на проценувачи на градот Скопје за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот од 28.02.2103 координативното тело на процнители на Град Скопје го утврди следниот ценовник го читам документот за утврдување на пазарна вредност на земјиште во Скопје и околината. Според тој ценовник катастарските парцели во Глумово не знам дали може добро да видите изнесуваат и се проценуваат на цели 1200 денари за еден квадратен метар. Значи, ако нивите наоколу во другите, како Сарај општини и катастарски парцели, или Кондово имале друга цена и се продавале по 10 евра квадрат десет пати повеќе од понудената цена на лицитацијата, реалната цена е многу поголема, согласно Одлука од 2013 година, едно метро квадратно да чини 1200 денари, односно, 20 евра, вели тој.
Стоилковски посочува дека тоа значи дека оваа продажба, вкупната продажба на 141 парцела продадени околу езерцето Треска, би требало да биде вредна не 98000 евра колку што е продадено, не по претпоставената по 10 евра со цена од 850.000 евра, туку најмалку 1.700.000 евра !
При продажба на земјиште, се даночи врз основа на постигнатата цена, односно 3% данок платен за направената трансакција. Сегашната наплата трансакцијата изнесува, ако не се лажам неполни 3000 евра.
При продажба по 10 евра, данокот би изнесувал 25.500 евра. Но со цената утврдена од Град Скопје во 2013, како градежно земјиште, данокот што администрацијата би требало да ја наплати би изнесувал цели 50.000 евра.
Разликата во наплатениот данок со цената која е утврдена од Град Скопје изнесува цели 47.000 евра, а тие пари ги делат Град Скопје и општина Сарај.
Епа почитувани, во време кога од државниот буџет се плаќаат долговите на општините, кога од парите наместо аеродроми предизборно низ општините се асфалтираат сокаци, ова е тежок срам!
Оттука Шилегов не може да молчи и да каже дека не знаел за продажбата ако толку пари му бегаат од наплата на данок? Шилегов не може да молчи, а да се појавува на „гала почетокот на градбата“ околу езерцето Треска. Шилегов не може да молчи особено што ветуваше многу поинаква Треска! Градската каса сега е попразна заради лагите на Шилегов!
Почитувани, Шилегов нека продолжи да молчи, затоа што повторно ќе шири предизборни лаги. Тој веќе покажа дека реченицата од кампањата „Веројатно на некој му беше полесно и поедноставно, да гради, отколку да одржува нешто што скопјани многу одамна го имаат платено, со своите средства“ било најава за неговата работа.
Нема ништо полошо од СДСМ за Македонија, нема ништо полошо за Скопје од Шилегов.