На 30.07.2021 во 13:00 часот во Полициската станица Драчево, 40-годишен жител на скопско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното, на 29.07.2021 тој со него се договорил да купи јачмен, по што преку пријател му ги дал парите, но на 30.07.2021 лицето не му го донело јачменот во неговиот дом, според договореното, а потоа не се јавувало на телефонските повици, по што сфатил дека е измамен.
Се работи на расчистување на случајот.