СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Х.(48) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 22.07.2021 околу 17.15 часот на ул.„16. Македонска бригада“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди“, управувано од Е.Х., при што пронашле и одзеле 100 куршуми калибар 9 мм, наменети за полуавтоматски пиштол, како и од автоматско огнено оружје.