Три од три за Словенија на Олимписките игри во Токио, Словенците групната фаза ја поминаа без пораз,откако ја победија Шпанија во својата група со 95-87.
Мечот не почна најдобро за Дончиќ, уште во првата четвртина направи три лични грешки па мораше да седне на клупата неколку минути пред да се врати, а кога повторно влезе во игра мораше да биде внимателен да не направи уште некоја.
Тоа го искористија Шпанците и во голем дел од мечот беа во водство, во првите минути од третата четвртина дојдоа и до 12 поени разлика, но кога дуелот требаше да се решава Словенците се кренаа и заигираа на повисоко ниво.
Во последнот период се влезе со водство за Шпанија од 70-68, Словенците завршниот период го одиграа многу подобро, го свртеа резултатот и на крајот славеа убедливо со 95:87.
Најефикасен кај Словенија беше Чанчар со 22 поени, Препелиќ постигна 15, одличен беше Тоби со 14 поени и 14 скокови, Дончиќ имаше 12 поени, 14 скокови и 9 асистенции. Во составот на Шпанија, Рубио постигна 18 поени, имаше и девет асистенции.
Четвртфиналните парови ќе бидат одредени со ждрепка, но Словенија со освојувањето на првото место во групата е носител и ќе добие условно полесен противник.