среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Василев селектира 12 кошаркари за скопскиот „Челенџер“

Василев селектира 12 кошаркари за скопскиот „Челенџер“

Селекторот на македонската репрезентација до 18 години, Никола Василев одбра 12 кошаркари за скопскиот „Челенџер“.

На списокот на Василев се најдоа: Андреј Митревски, Филип Наков, Марин Петков, Никола Василевски, Резарт Мемед, Амар Хот, Тома Стојановски, Димитар Иванов, Мирослав Ѓорѓевиќ, Горазд Величковски, Теон Богатиновски и Павел Атанасов.

Турнирот ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје од 3 до 8 август.

Ривали на „црвено-жолтите“ во А-групата ќе бидат селекциите на Хрватска, Грузија, Шпанија, Србија и Германија.  (МИА)